Општина Гази Баба ќе постави контејнери за кабаст отпад од 1 до 7 јуни на неколку локации, со апел до граѓаните да ги користат поставените контејнери за одржување на чиста и здрава животна средина.
Во периодот од 01 до 07 јуни, на територијата на Општина Гази Баба ќе бидат поставени контејнери за одлагање кабаст отпад.
Контејнерите ќе бидат поставени на Триангла, во Маџари, Хиподром и Кирил Петрушевски (Вардариште).
Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ апелира до граѓаните кабастиот отпад да се одлага навремено и исклучиво во поставените контејнери, со цел да имаме чиста, уредна и здрава животна средина.







