Градот Скопје ја реализираше втората авионска фаза од дезинсекцијата

Макфакс

01/06/2026

12:00

167

Големина на фонт

а а а

Градот Скопје ги спроведе втората и подготовките за третата фаза од авионската дезинсекција против комарци како дел од мерките за заштита на јавното здравје и превенција од заразни болести.

Градот Скопје ја реализираше втората авионска фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на територијата на градот.

„Активностите беа спроведени во раните утрински часови, согласно предвидената програма, законските обврски кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје“, велат од Град Скопје.

Како што известуваат од Градот, во текот на утрешниот ден ќе биде реализирана и третата фаза од авионската дезинсекција, како дел од континуираните мерки за намалување на популацијата на комарци и заштита на јавното здравје.

Од Градот Скопје посочуваат дека навремената дезинсекција има клучно значење во превенцијата од ширење заразни болести и создавањето побезбедна и поквалитетна животна средина за граѓаните. Токму раното и системско третирање претставува најважен чекор во спречувањето на масовна појава на комарци во текот на летниот период.

„Во наредниот период се предвидени уште две фази од дезинсекцијата, кои ќе опфатат авионско и теренско прскање, со цел обезбедување целосна и ефикасна заштита на подрачјето на градот Скопје.

Градот Скопје останува посветен на спроведување навремени, системски и одговорни мерки во интерес на заштитата на здравјето и благосостојбата на сите граѓани“, соопшти Град Скопје.