Дел од корисниците на општина Ѓорче Петров ќе останат без вода поради изведување на водоводен приклучок на улицата Воин Драшковиќ бр. 1б, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.
Дел од корисниците на општина Ѓорче Петров денеска ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добиено е известување дека на ден 01.06.2026 година ( понеделник ) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 200 мм на ул. Воин Драшковиќ бр. 1б, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од улиците Воин Драшковиќ и Браќа Галеви. (општина Ѓорче Петров)“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.
фото/Depositphotos







