Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, прогнозира УХМР
Времето претпладнево ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и в среда (наместа над 15 л/м²), вели УХМР.
Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер, претежно од северен правец.







