Аликс Ерл направила вистинска возбуда на модната ревија на „Sports Illustrated Swimsuit“ кога го покажала своето извајано тело, но и нешто друго...
Во Мајами се одржа модната ревија на списанието „Sports Illustrated Swimsuit“, каде на модната писта продефилираа многу јавни личности, претежно инфлуенсери и ријалити ѕвезди. По Маура Хигинс, која го воодушеви светот со својата нереална фигура, вниманието го привлече девојката од Тикток, Аликс Ерл.
Alix Earle, Maura Higgins and Ellie Thumann steal the show as stars light up Sports Illustrated Swimsuit runway https://t.co/e1E8UYweoR
— HELLO! (@hellomag) May 31, 2026
Аликс се прошета низ модната ревија во бикини со класичен крој кој ги истакнуваше нејзините атрибути. Судејќи според фотографиите и видеата на социјалните мрежи, таа беше видливо расположена и среќна што е дел од овој одличен летен спектакл. Таа самата објави видео од настанот на својот Инстаграм профил.
Како што можете да видите, за време на снимањето таа носеше наметка под која се гледаше нејзиното голо тело, што дополнително ја крена температурата на интернет.
„Не ми е добро“, „Да, едвај чекаме да те видиме“, „Толку си секси“, се само дел од коментарите...
Патем, Аликс доби голема популарност на социјалните мрежи минатата година кога откри дека таа и ѕвездата на НФЛ, Брекстон Бериос, раскинале. Како што изјавил извор во тоа време, ова било пријателско раскинување кое се случило поради „големата дистанца меѓу двојката“.












