[ФОТО] Како грчка божица: Младата актерка го „украла“ вниманието во лелеава креација со длабок шлиц

Точка

30/05/2026

14:47

440

Големина на фонт

а а а

Камила Мендес го украла вниманието на лондонската премиера на филмот „Господари на вселената“, блескајќи во сензуален бел фустан што зрачи со летен минимализам.

Американската актерка се одлучила за лелеава свилена креација со потпис на украинската дизајнерка Ана Октобер.


Нејзиниот избор совршено се вклопил во популарниот тренд „божица“, кој ги спојува елеганцијата и драматичните кроеви, а посебен акцент бил ставен на впечатливите златни детали.


Сензуален минимализам

Фустанот без ракави се истакнувал со длабоко деколте и целосно отворен грб, додека долниот дел лелеав дел го красел смел шлиц.


Овој елегантен крој актерката го надополнила со масивен златен ѓердан од брендот „Retrofête“ со седефаст приврзок, кој совршено се вклопил со белите тонови на фустанот. Целиот изглед, за кој е заслужна стилистката Моли Диксон, бил заокружен со златни влечки на потпетица од брендот „Femme LA“ и суптилни златни обетки.


Сепак, најголемото изненадување на вечерта била одлуката на Мендес да појави на црвениот килим со сини контактни леќи, со што му оддала почит на својот лик - Тила од филмот „Господари на вселената“. Што се однесува до фризурата, таа се одлучила за сè попопуларниот боб со природни бранови и патец на страна.


Мендес во филмот, кој пристигнува во кината на 5 јуни, глуми заедно со Николас Галицин, а со ова издание уште еднаш потврдила дека правилото „помалку е повеќе“ навистина важи на црвениот килим.