[ВИДЕО] Бомба тортата беше неизбежен десерт за прослави во Југославија: Богата со ореви и едноставна за подготовка

Точка

29/05/2026

16:30

308

Големина на фонт

а а а

Бомба тортата беше неизбежен десерт во Југославија во 80-тите години од минатиот век, а како и повеќето слатки од тоа време, беше богата со ореви.

Рецептот го пронајдовме на Јутјуб каналот „Kuhaj i peci“, каде што готвачката Алмира навела дека користела калап со пречник од 26 сантиметри, а самиот пандишпан го печела 15 минути на 180 степени.

Пандишпан:

• шест јајца
• шест лажици шеќер
• шест лажици брашно
• шест лажици ореви
• една лажичка прашок за печиво

Фил:

• 250 грама плазма
• 300 милилитри сок од портокал
• шест лажици ореви
• 250 грама путер
• 150 грама шеќер во прав

Дополнително изматете 250 милилитри слатка павлака за украсување и на крајот украсете со мелени ореви.

Подготовка:

Прво го правите пандишпанот така што ќе ги изматите јајцата и постепено ќе додавате шеќер. Потоа додајте просеано брашно, мелени ореви и лажичка прашок за печиво, па повторно изматете.

Со коцка путер премачкајте го калапот. Во меѓувреме вклучете ја рерната на 180 степени. Потоа во калапот истурете ја смесата за пандишпанот. Ставете го во рерна и кога ќе биде готов, оставете го пандишпанот да се излади.

Путерот омекнат на собна температура изматете го со шеќерот, па додајте плазма и ореви. Потоа додајте сок од портокал, добро измешајте, па додајте го изматениот путер.

Извадете го пандишпанот од калапот, па префрлете го во соодветен сад. Бомба тортата обично се прави во форма на купола, но можете да ја направите и како стандардна торта.

Филот премачкајте го врз пандишпанот, оставете да се излади, а подоцна изматете шлаг, премачкајте го врз филот и, доколку сакате, можете да наросите мелени ореви.