Гореле картони па предизвикале пожар во двор во Шуто Оризари: Две лица завршиле во болница

Макфакс

28/05/2026

13:00

147

Големина на фонт

а а а

Во Шуто Оризари избувнал пожар од горење на картони во двор, при што две лица се здобиле со труење од чад и биле пренесени во болница за лекарска помош. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Во СВР Скопје ноќеска во 00:05 било пријавено дека околу 23:40 часот на подрачјето на Шуто Оризари, во двор од куќа на Д.А.(47) од Скопје настанал пожар, при што гореле картони кои ги собирал за продавање за стара хартија.

Сопственикот со соседите Џ.А.(23) и Р.А.(23) почнале да го гасат пожарот.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно изгаснат, а поради вдишување на чад Џ.А. и Р.А. биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.