МВР: Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со задолжителна четири часовна теоретска обука

Макфакс

27/05/2026

16:42

383

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи донесе нов правилник за задолжителна четиричасовна теоретска обука која мора да се помине за управување со мотоцикл до 125 cm³ со Б категорија. Обуката опфаќа важни теми за безбедност и по завршувањето се издава официјална потврда.

Министерството за внатрешни работи информира дека е донесен нов Правилник со кој се уредува задолжителната четиричасовна теоретска обука за управување со мотоцикл до 125 cm³ (категорија „А1“ со автоматски менувач, до 11 kW).

„Напоменуваме дека не смее да се управува со мотоцикл до 125 см3 доколку не се помине теоретската обука и да се обезбеди потврда од автошкола.

Обуката трае четири часа и опфаќа клучни теми за безбедноста: заштитна опрема, контрола и стабилност на мотоциклот, превоз на сопатник и справување со ризици на патот.
По комплетирањето на часовите, автошколата издава официјална потврда (Образец во А5 формат) и го известува МВР, каде ќе се води евиденција за сите издадени потврди врз основа на податоците добиени директно од автошколите“, се истакнува во информацијата.