[ВИДЕО] Манасиевски: Филипче е подготвен за уставни измени и редефинирање на историјата и идентитетот

Макфакс

28/05/2026

12:30

186

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ преку својот портпарол Валентин Манасиевски го обвинува Венко Филипче дека е подготвен на уставни измени и редефинирање на македонската историја и идентитет во контекст на политички притисоци од Бугарија.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, упати критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека води поданичка политика на штета на македонските национални интереси. Според Манасиевски, Филипче е подготвен да оди дотаму што прво би спровел уставни измени, а потоа би прифатил редефинирање на историјата и идентитетот, нарекувајќи го „специјален бугарски пратеник на Румен Радев“.

Портпаролот на владејачката партија истакна дека Филипче е на иста линија со Виктор Стојанов од фондацијата „Македонија“, која негира македонски идентитет, како и со бугарската министерка Петрова Чамова. Манасиевски посочи дека додека тие тврдат дека Македонија преговара со ЕУ, а не со Бугарија, токму официјална Софија е таа што поради сопствени интереси го кочи и ветоизира евроинтегративниот процес на земјата. Во изјавата се додава дека бугарските власти нашле „меки ткива“ во македонската политика во лицата на Зоран Заев, Димитар Ковачевски и Венко Филипче.

Манасиевски порача дека иако граѓаните ги казниле на четири последователни избори поради антидржавните политики, на СДСМ „не им доаѓа памет“. Тој заклучи дека ВМРО-ДПМНЕ, додека е на власт, нема да дозволи бугаризација на историските ликови кои се бореле за создавање на македонската држава и нема да дозволи погазување на националното достоинство, јазикот и идентитетот.