Во Македонија постојат места каде што вистинското уживање почнува кога ќе останеш подолго, ќе преспиеш во природа и ќе се разбудиш со прекрасен поглед што ништо не може да го замени. Затоа доколку имаш слободен викенд и се прашуваш каде да одиш, еве неколку супер дестинации за кампување со џип, кој можеш да го освоиш со наградата игра на „скопско“.
Галичица
Едно од ретките места каде што можеш во ист ден да гледаш две езера одеднаш. Патот нагоре е сам по себе доживување, а погледот на изгрејсонце вреди за секое рано станување. Совршено место за викенд со друштвото, добра музика и кампување под ѕвездите.
Беровско Езеро
Ако постои место за вистинско отпуштање, тоа е Берово. Свежи утра, борова шума, тишина и чист воздух што веднаш те тераат да заборавиш на стресот. Идеално за тие викенди кога единствен план е полнење на батериите.

Козјак
Само кратко возење од Скопје, а чувство како да си во сосема друг свет. Живописни патеки, поглед кон езеро и места што изгледаат како создадени за кампување. Особено добро за спонтано бегство кога се договара од денес за утре.
Затоа ако сакаш и ти да патуваш со џип за кампување, биди дел од наградната игра на „СКОПСКО“ која трае од 25 мај до 21 јуни. За да учествуваш, преземи ја апликацијата „СКОПСКО“ на следниот линк: https://app.skopsko.mk/download. Внеси го шестцифрениот код што се наоѓа под капачето на промотивните пакувања на „СКОПСКО“ или „СКОПСКО SMOOTH“ во стаклена амбалажа и играј за дневни и за неделни награди како и за и главната награда.
Комерцијален текст





