„Танец“ и „Ладо“ со заеднички концерти во Битола и Скопје

Макфакс

27/05/2026

11:00

156

Големина на фонт

а а а

Македонскиот ансамбл „Танец“ и хрватскиот ансамбл „Ладо“ организираат заеднички концерти под наслов „Една ноќ под ѕвездите“ во Битола и Скопје, претставувајќи културно богато и уметничко доживување на традицијата и музиката од балканскиот регион.

Македонскиот национален ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и Хрватскиот национален ансамбл „Ладо“, двата столба на балканскиот и светскиот фолклорен мелос, најавуваат незаборавно културно доживување за домашната публика.

Под магичниот наслов „Една ноќ под ѕвездите“, овие два реномирани ансамбли ќе одржат два ексклузивни заеднички концерти кои ветуваат врвно уметничко доживување, спојувајќи ги традицијата, моќниот вокал и безвременската игра на двете земји.

Спектаклот ќе се одржи на две локации: 8 Јули- Антички локалитет Хераклеја, Битола, 10 Јули- Национална опера и балет (НОБ), Скопје.

Повеќе од седум децении „Танец“ и „Ладо“, важат за чувари на идентитетот и амбасадори на културното богатство на своите земји. Билетите се веќе во продажба на kupikarta.com