Ѓорѓиевски: Многу пациенти имаат потреба од донирање органи, да ја подигнеме свеста за спасување животи

Макфакс

27/05/2026

12:20

151

Големина на фонт

а а а

Д-р Никола Ѓорѓиевски ја потенцира важноста на солидарноста и потребата од зголемување на свеста за органдонорството во државата како начин за спасување животи и поддршка на лицата кои имаат потреба од донирање органи.

Во рамки на националната кампања под мотото „Органдонорството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, д-р Никола Ѓорѓиевски, директор на Универзитетската клиника за нефрологија потсетува на важноста на солидарноста при чинот на дарување органи.

-Сите заедно треба да бидеме солидарни и хумани и да го поддржиме органдонорството како најхуман чин што помага на многу животи и на многу пациенти, коишто имаат потреба од донирање органи. Затоа, апелирам до сите граѓани на Република Македонија да ја зголемат свесноста за органодарителството, бидејќи само на таков начин ние можеме да си помогнеме едни на други, а со помошта на други ние помагаме и на целокупното наше општество, помагаме на државата и помагаме за целокупниот систем, потенцира д-р Ѓорѓиевски во своето видео-обраќање.