Артета самоуверен пред финалето со ПСЖ: Оваа енергија ќе не води до нова историја

Дерби

27/05/2026

07:51

306

Големина на фонт

а а а

Арсенал чекаше 22 години за да го освои трофејот во Премиер лигата, а кога играчите на Микел Артета сега го почувствуваа во своите раце, желбата за пишуваше нова историја е уште поголема.

Оваа генерација на фудбалери на Артета може да стане „бесмртна“ во сабота на 30-ти мај ако оствари победа против ПСЖ, бидејќи покрај трофејот во Премиер лигата, тоа ќе значи дека е освоена и титула која никогаш не е освоена во историјата на клубот.

Арсенал брка прва титула во Лигата на шампиони во пресметката против ПСЖ, а епитетот на актуелни шампиони на Англија според Артета ќе им ја даде потребната самодоверба за да испишат нова страница во историјата на клубот.

– Имаме можност да креираме нова историја за нашиот клуб и убеден сум дека ќе го направиме тоа. Потребна ни е оваа енергија од прославата и веќе разговаравме за тоа што треба да направиме во Будимпешта.

– Сакаме да ја префрлиме цела оваа позитивна енергија во саботното финале. Им реков на момците дека овој дрес сега претставува нешто друго. Ние сега сме шампиони, а тоа носи многу голема самодоверба и поинаков вид на енергија кај самите играчи, – изјави Артета.