[ВИДЕО] Јакимовски и Тренто немаа сили да го срушат шампионот во мајсторката

Дерби

27/05/2026

07:27

271

Големина на фонт

а а а

Андреј Јакимовски и неговиот Тренто ја завршија оваа сезона и тоа откако загубија од актуелниот шампион Виртус Болоња во првата плејоф рунда во италијанскиот шампионат.

Тренто се бореше во мајсторката, имаше предност од 79:76 по три четвртини, меѓутоа потврди во завршните десет минути во кои му дозволи на противникот да уфрли 30 поени, а воедно не го испрати во тој офанзивен дел и на крајот доживеа пораз од 106:95.

Домаќините во овој петти одлучувачки меч беа предводени од Едвардс со 31 поен, додека на другата страна залудна беше извонредната партија на Стјуард од 38 кошеви.

Нашиот Јаки имаше учинок од 6 поени и 1 асистенција.

Нареден ривал на Виртус во плејофот е Венеција.

Во шпанската АЦБ лигата Американецот со македонски пасош Омари Мур уфрли 10 поени, 2 скока и 4 асистенции во победата на Валенсија над Сарагоса од 98:86.