[ФОТО/ВИДЕО] Тенискиот терен за неа е модна писта: Дефинитивно е најстилизираната тенисерка во светот

Точка

26/05/2026

21:22

476

Големина на фонт

а а а

Наоми Осака не престанува да воодушевува со своите модни изданија на тениските терени, поради што секое нејзино појавување е уникатно.

Јапонската тенисерка денес на Ролан Гарос во Париз, кој трае до 7 јуни, докажа дека тенискиот терен лесно може да се претвори во модна писта.


На земјениот терен чекорела како на модна писта. Најпрво носела црн фустан со украсни детали, специјално креиран за неа од брендот Најк во соработка со швајцарскиот дизајнер Кевин Германје.




Овој моден спектакл на Осака на теренот е замислен како спој на две комбинации: првата е фустан составен од горен дел со копчиња и долго црно здолниште, кој го носела за време на загревањето, а го заменила со златното фустанче.




Покрај модниот перформанс, демонстрирала и атлетски способности на теренот, па уште еднаш потврдила дека е една од најстилизираните тенисерки во светот, која самоуверено секој меч го претвора во незаборавно шоу.