Иако е дете на Ла Масија и продукт на фудбалската школа на Барселона, „Марка“ тврид дека само најблиските пријатели на Марк Кукурелја знаеле дека неговиот сон е Реал Мадрид, нешто што левиот бек си го исполни на 27-годишна возраст.
Кукурелја фудбалски се разви во Барселона, не дочека вистинска шанса за докажување во првиот тим, па мораше да мине трнлив пат за да стигне до фудбалската елита.
Актуелниот шпански репрезентативец на професионално ниво првпат се докажа во Еибар, потоа се „калемеше“ во Хетафе, а оттаму неговиот фудбалски пат продолжи во Брајтон каде се етаблираше како еден од најнадежните дефанзивци во Премиер лигата.
Тоа му овозможи да направи голем трансфер во Челси во 2022-ра година, а четири сезони подоцна, денеска беше презентиран како огромно засилување за Реал Мадрид.
Кукурелја ја налути фан базата на Барселона поради изборот кој го направи во оваа ситуација, па додека од Каталонија добива и статус на „предавник“, неговата девојка Клаудија Родригез откри архивска слика на која се гледа како Марк го носел дресот на Реал Мадрид во најрана возраст.








