Пеп Гвардиола порано од очекувањата одлучи да ја заврши приказната со Манчестер Сити иако долго време инсистираше, говореше дека има намера да ги испочитува договорот кој му завршуваше во 2027 година.
Меѓутоа Шпанецот реши дека е време за разделба и по една деценија го напушта „Итихад“ и тоа со освоени 20 пехари. Со ова се затвара едно успешно поглавје на „граѓаните“, но во исто време започнува ново, приказна која сите во клубот се надеваат дека ќе биде успешна што е сериозен предизвик.
Тимот од Манчестер брзо ќе го реши прашањето околу наследникот на Гвардиола и тоа ќе биде некогашниот помошник Енцо Мареска.
Италијанецот по искуството во Сити работеше во Парма, Лестер Сити и Челси каде и ги имаше најголемите успеси, трофеи во Конференциската лига и Светското клупско првенство.
Новинарот Фабрицио Романо веќе и сподели детали од договорот на Мареска со премиерлигашот, тој ќе потпише до 2029 година и навоедно веќе е максимално инволвиран во трансфер стратегијата и плановите на клубот.







