Спуштена е завесата за оваа сезона во Премиер лигата и тоа со славје на Арсенал кој по пауза од повеќе од две децении конечно е на врвот на англискиот фудбал.
„Топчиите“ успеаа да ја добијат битката со Манчестер Сити, па иако на крајот разликата е седум бода јасно е дека тоа не ја покажува реалната слика, односно дека едноставно решаваа нијанси, моменти, ситуации во трката за пехарот.
И додека се слави пехарот на „Емирејтс“, „СанСпорт“ излезе со интересна вест, анализа за тоа како би изгледала конечната табела во ПЛ ако не беше активен ВАР системот, поточно немавме дополнителна интервенција и важечки беа одлуките кои судиите го носеа на прва на натпреварите.
Во овој случај ќе имавме неверојатна драма одлучена во последните секудни, Сити и Арсенал ќе завршеа со подеднаков број на бодови, меѓутоа поради подобрата гол разлика тимот предводен од Гвардиола ќе беше шампион.
Меѓутоа што би било кога би било е една друга приказна, ама еве како би изгледа завршната табела на овој начин што исто така во случајов би значело и дека Ливерпул би останал без пласман во ЛШ.






