Сончево и топло со мала до умерена облачност

Макфакс

25/05/2026

08:10

193

Големина на фонт

а а а

Преглед на временската прогноза за денес и во наредните денови во Македонија, со акцент на сончево и топло време и можно локално нестабилен развој на облачност со дожд и ветер.

Времето денес, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Времето во наредните денови

Во текот на новата седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно се очекува локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во четврток.