Во време во кое потрошувачите сè повеќе бараат баланс помеѓу вкусот и свесниот начин на исхрана, Виталиа на PLMA Амстердам 2026 ја претстави својата најнова иновација – линијата Elements Air-Popped Crisps.
Како дел од еден од најзначајните светски саеми за приватна марка, Виталиа и оваа година беше присутна таму каде што се создаваат идните насоки на прехранбената индустрија.

На овогодинешниот PLMA доминираа протеински производи, функционални ужини, производи со пробиотици, clean label концепти, plant-based решенија, како и практични оброци базирани на овес, житарки и природни состојки. Голем фокус имаше и на gluten-free, vegan и high-protein производи, како и на смели интернационални вкусови и modern snacking концепти што комбинираат вкус, функционалност и практичност.
PLMA 2026 уште еднаш потврди дека протеинот повеќе не е само тренд, туку дел од секојдневниот начин на исхрана, додека практичноста, функционалноста и природните состојки стануваат подеднакво важни како и вкусот.

Меѓу илјадници производи од целиот свет, јасно се чувствуваше една заедничка порака – потрошувачите денес бараат повеќе. Повеќе квалитет. Почист состав. Подобри состојки. Практичност. Функционалност. Но и производи со карактер, приказна и емоција.

Токму од таа идеја е создаден Elements – современ пристап кон категоријата чипс, инспириран од природните елементи и нивната енергија. Производите се создадени со air-popped технологија, односно екструзија со топол воздух наместо класично пржење, со база од пченка, ориз, наут и киноа и внимателно избрани 100% природни состојки.

Линијата вклучува впечатливи вкусови како Smoked Paprika, Mediterranean Sea Salt, Sour Cream & Onion и протеинската варијанта Garam Masala & Golden Curry, создадени за новата генерација потрошувачи кои не сакаат компромис помеѓу вкусот и современиот начин на исхрана.
Она што го прави Elements поинаков е што го задржува целото уживање што се очекува од чипсот – крцкавоста, интензивниот вкус и моментот на уживање, но преку еден нов, здрав пристап.

Покрај линијата Elements, голем интерес кај посетителите предизвикаа и протеинските производи на Виталиа, пробиотската линија и овесните каши – категории кои сè повеќе го обликуваат идниот развој на современата исхрана.

За Виталиа, учеството на PLMA не е само настап на саем, туку можност македонски бренд да биде дел од глобалните разговори за иднината на храната, иновациите и современиот начин на живот.
„Најголемата инспирација е кога ќе видите дека идеите во кои верувате се движат во ист правец со светот. PLMA 2026 уште еднаш потврди дека иднината припаѓа на производи создадени со визија, автентичност и вистинска вредност,“ велат од Виталиа.

Комерцијален текст















