Тоа што во изминативе денови се најавуваше, сега доби и официјална потврда-Пеп Гвардиола го напушта Манчестер Сити по крајот на натпреварувачката 2025/2026.
Шпанецот десет години беше на кормилото на клубот од „Итихад“, донесе 20 титули од кои две во тековнава кампања и тоа во англискиот Лига Куп и ФА Куп. Гвардиола си заминува од Сити како најуспешен тренер во историјата на клубот, но и во иднина ќе биде поврзан со групацијата со одговорна улога.
Имено тој ќе биде глобален амбасадор, улогата ќе му овозможи да дава технички совети на клубовите во групацијата, работејќи на специфични проекти и соработки.
- Не ме прашувајте зошто заминувам. Нема причина, но длабоко во себе знам дека е вистинското време. Ништо не е вечно, ако беше, ќе бев тука засекогаш. Вечно ќе бидат чувството, луѓето, спомените, љубовта што ја имам за мојот Манчестер сити, - истакна Пеп во дел од своето обраќање.
"What a time we have had together." 🩵 pic.twitter.com/WpkFecBYT4
— Manchester City (@ManCity) May 22, 2026
Според информациите негов наследник во Сити треба да биде Енцо Мареска.







