Антони: Не е неправда што не одам на СП…

Дерби

22/05/2026

14:30

228

Големина на фонт

а а а

Антони Матеуш Дос Сантош или попознат само како Антони имаше квалитетна сезона во шпанскиот прволигаш Бетис, но истата не се покажа како доволна за да добие повик од бразилскиот селектор Карло Анчелоти за настап на Светското првенство.

Крилниот напаѓач дојде до „дабл-дабл“ учинок за клубот од Севилја во сите натпреварувања (14 гола и 10 асистенции), меѓутоа Анчелоти се реши за други опции. За Бразилеците е светост, огромна честа да се игра за националниот тим, особено да се може да се претставува државата на мундијал, па иако е болно Антони не е лут што нема да биде дел од настанот во САД, Канада и Мексико.

- Сакав да бидам таму, но тоа е дел од животот. Многу сум горд на сè што сум направил. И затоа… ќе продолжам да навивам за нашaта селекција.

- Не, не би рекол дека е неправедно, бидејќи имаме многу играчи кои имаат огромен квалитет. Но, секако, како што реков и повторувам, многу сум горд бидејќи направив многу и покрај тоа што имав некои неуспеси и повреди, и се чувствувам многу добро, - порача ѕвездата на Бетис.