Тухел „избриша“ големи имиња, ова е списокот од 26 играчи со кои Англија ќе настапи на СП

Дерби

22/05/2026

14:28

177

Големина на фонт

а а а

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел го објави официјалниот список на играчи на кои ќе смета на престојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада.

Тухел за разлика од неговите претходници донесе големи одлуки, изостави сериозни имиња и останува да се види дали оваа негова проценка на крајот ќе ги донесе посакуваните резултати затоа што Англија има највисоки амбиции кога е во прашање мундијалот.

Германецот ги „избриша“ Палмер, Фоден, Александер-Арнолд, Мегваер, нема место ниту за разиграниот Гибс Вајт, Вортон, Шо, Хол, Боувен…но на листата на патници е напаѓачот Тони од Ал Ахли кој има одиграно само седум минути за Англија по ЕП во 2024 година.

Повикани се и Спенс, Мејну, Езе, Мадуеке, Кванса, Стоунс…

„Гордиот албион“ е во група со Хрватска, Панама и Гана.