Тимот на Њујорк Никс издвојува победа над Кливленд Кавалирс и во вториот натпревар од финалето на источната конференција во НБА лигата.
Никси рано утровото ги добија Кавси со 109:93 и сега се на два чекори од прво НБА финале од 1999 година или поточно постои можност да гледаме реприза на битката за пехарот од пред 27 години кога тие ги одмерија силите со Сан Антонио Спарс.
Избраниците на Браун го загубија првиот период со 24:27, ама потоа ги добија останатите три периоди и донесоа огромна радост за навивачите во „Медисон Сквер Гарден“. Интересно е тоа што за Њујорк ова беше деветта плејоф победа во низа што јасно говори во каква форма и ритам се и каква задача е пред Кавалирс во обидот да се вратат во серијата која сега се сели во Охајо.
Харт постигна рекордни во кариерата (плејоф) 26 поени, Бриџис уфрли 19, а дабл-дабл учоноци имаа Брансон (19 поени и 14 асистенции) и Таунс (18 поени и 13 скока).
Мичел беше прв стрелец кај поразените со 26 поени.







