Доктор предупредува на суплементи што можат да предизвикаат предозирање: Децата ги обожаваат

Точка

21/05/2026

21:56

351

Големина на фонт

а а а

Лекарот Амир Кан предупреди на претпазливост при користење одредени додатоци во исхраната, истакнувајќи дека оваа индустрија е недоволно регулирана, поради што потрошувачите често не знаат што точно внесуваат во организмот.

Иако на телото му се потребни бројни витамини и минерали за правилно функционирање, кои најчесто би требало да се внесуваат преку здрава и избалансирана исхрана, многумина се вртат кон суплементи.

Меѓутоа, кај некои од нив постои ризик од предозирање.


Ризиците од гумените витамини

Гостувајќи на „ITV“, д-р Кан особено зборуваше за сè попопуларните гумени суплементи.

Иако ваквиот облик може да им помогне на луѓето редовно да ги земаат, носи и одредени ризици, пред сè поради високата содржина на шеќер.

„Кога станува збор за гумени суплементи, денес речиси сите додатоци доаѓаат во таква форма, без разлика дали се работи за витамин Д, магнезиум или креатин. Тоа може да биде добро бидејќи, ако суплементите навистина ви се потребни, најважно е да ги земате редовно. Бидејќи се вкусни како бонбони, луѓето, а често и децата, ќе ги користат почесто и така ќе ги внесуваат потребните супстанции“, објасни тој.


Сепак, веднаш предупреди и на потенцијалните проблеми.

„Опасноста е во тоа што можат да содржат шеќер и засладувачи, што не е добро, особено ако ги земате во преголеми количини. Исто така, бидејќи се многу вкусни, луѓето продолжуваат да ги јадат во поголеми количества, па може да дојде и до предозирање со витамини од гумените суплементи“, рече д-р Кан.


Индустрија без доволна контрола

Зборувајќи за суплементите генерално, тој нагласи дека потрошувачите не можат секогаш да бидат сигурни што навистина внесуваат во организмот.

Според неговите зборови, индустријата за додатоци во исхраната нема доволно строга регулација, поради што купувачите не го добиваат нужно она што го очекуваат.

„Проблемот со индустријата за суплементи во целина е тоа што не е регулирана како лековите. Поради тоа, не знаеме точно што и во која количина се наоѓа во тие производи. Некои истражувања покажале дека одредени суплементи содржат и 10 до 12 пати поголема доза од препорачаната, додека други имаат занемарливо мала количина активни состојки. Значи, недостига контрола и тоа претставува голем проблем“, објаснува тој.