Венко Филипче го обвинува Мицкоски дека поради неговите нереализирани реформи се изгубени над 200 милиони евра од фондовите на Европската Унија, истакнувајќи ја сериозната финансиска загуба и повикува на итна реализација на реформите.
„ЕК ослободи само 65,7 милиони евра за спроведените реформи во Македонија. Вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 изнесува 134,87 милиони евра. Плус уште 65 милиони евра неповлечени средства поради нереализирани реформи за претходниот период“, напиша претседателот на СДСМ, Венко Филипче на социјалните мрежи.
„Над 200 милиони евра изгубени поради „реформите“ на Мицкоски кои се само на збор.
Уште 10 дена до 1. јуни, рокот што самиот го постави Мицкоски.
Граѓаните плаќаат цената за неговите лаги.
Реформи сега. Европа сега.“, пишува Филипче.











