Црна Гора воведува нови правила за однесувањето на туристите: Ако ве фатат на улица во ова издание, казната е до 500 евра

Точка

20/05/2026

17:32

499

Големина на фонт

а а а

Новите правила на однесување, како што е наведено, се воведуваат заради заштита на комуналниот ред, достоинството на градот и уредениот изглед на јавните површини.

Лице кое ќе биде затекнато во костим за капење или без дел од облеката надвор од зоната за капење, ќе биде казнето со 150 до 500 евра, пренесуваат „Вијести“ за дополнувањето на Одлуката за комунален ред, која беше усвоена на седницата на улцињскиот парламент минатата недела.


„Заради заштита на комуналниот ред, достоинството на градот и уредениот изглед на јавните површини, забрането е движење во костим за капење или без дел од облеката на јавни површини во населби со градски карактер, приградски населби и туристички локалитети на територијата на општина Улцињ, освен во зоните за капење – плажи и непосредниот брег наменет за капење. Одредбата од став 1 особено се однесува на улици, плоштади, шеталишта, пешачки зони, паркови, скверови и други јавни површини кои не се определени како капалишни зони“, пишува во новиот член од усвоената одлука.


Со друг член од одлуката е прецизирано дека за тој прекршок, лицето ќе биде казнето со парична казна од 150 до 500 евра.