Запросувањата често важат за еден од најемотивните моменти во животот на двајца луѓе, особено кога се случуваат на јавно место пред пријатели и случајни минувачи. Сепак, токму таквите моменти, кога емоциите се на врвот и кога се очекува само еден исход, понекогаш можат да ја откријат и другата, многу помрачна човечка страна.
Еден таков настан бил забележан во преполната бавча на ресторан во Тумбес, Перу, кога маж физички ја нападнал својата девојка затоа што го одбила вереничкиот прстен. Инцидентот најпрво ги шокирал присутните, а потоа се проширил и на социјалните мрежи ширум светот.
Сè се случило едно попладне, кога гостите седеле на масите и уживале во оброкот и убавото време. Во еден момент, мажот, решен да ја запроси својата избраничка, клекнал пред неа и ја запросил.
„Не“ и удар во лице
Додека присутните, исто како и тој, очекувале емотивен и позитивен одговор — наместо очекуваното „да“, жената тивко ја одбила просидбата и се обидела да ја повлече раката. Според снимките од надзорните камери, мажот во тој момент нагло изгубил контрола и ја удрил со тупаница во лицето.
NO SOPORTO UN NO A SU PROPUESTA
— canal-e (@canal_e_py) August 19, 2025
💍😤
Ucrania: le pidió casamiento, ella le rechazo y esta fue su reacción.
Definitivamente se salvo de un hombre agresivo!#pedidademano #rechazo #golpes #violencia #ucrania pic.twitter.com/GYr1jdLoMV
Ситуацијата ненадејно се променила — наместо очекуваниот аплауз, меѓу присутните завладеала неверица.
Девојката од ударот изгубила рамнотежа и паднала, а присутните веднаш реагирале, викале и се обиделе да го спречат нападот. Неколку гости интервенирале и спречиле понатамошно насилство.
Судска постапка против напаѓачот
Како што наведуваат странски медиуми, полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот и го привела мажот, кој потоа бил одведен во притвор. На жената ѝ била укажана помош со поддршка од луѓе кои се затекнале во близина.
Државното обвинителство во Тумбес соопштило дека се собираат сите докази, вклучувајќи изјави од жртвата, сведоци и снимки од безбедносните камери.
Преку своите официјални канали, институцијата соопштила дека надлежниот обвинител во овој случај побарал мерка притвор во траење од девет месеци против мажот по име Калеба Мендоза, со образложение за тежината на кривичното дело — кое е квалификувано како напад врз жени.
„Се спаси“
Овој инцидент, кој бил снимен со камери и објавен на социјалните мрежи, брзо станал вирален и предизвикал бројни реакции поради ненадејната ескалација на насилството.
„Очигледно знаела зошто го одбива“, „Ова е морничаво“, „Се спаси“, „Сигурен сум дека жените можат да видат/почувствуваат кога некој маж е потенцијално насилен и жал ми е кога ќе одлучат да го игнорираат тоа, па тоа секогаш лошо завршува за нив. Можам само да кажам ‘фала му на Бога’ што оваа девојка не прифати. Истото тоа ја чекаше зад првата кривина“, биле само некои од коментарите под видеото.















