Патниците кои летаат со „Рајанер“ треба да обрнат внимание на едно правило за кое многумина не се свесни, а се однесува на обувките што е препорачливо да се соблечат пред летот или непосредно по влегувањето во авионот.
Иако не се работи за официјална забрана, авиокомпанијата од безбедносни причини советува високите потпетици да не се носат во клучните моменти на летот.
Со почетокот на сезоната на годишни одмори, корисничката на социјални мрежи, Сара Гејслер на духовит начин потсети на ова правило. Имено таа објави снимка од знак на седиште во авион на кој се гледа дека високите потпетици не се дозволени, со натпис: „Нема високи потпетици на вашиот лет со Рајанер“.
Гајслер се пошегува дека тоа се „лоши вести за злобните девојки“, но исто така го сврте вниманието кон важен безбедносен аспект на летањето. Правилото не значи дека патничките не смеат да носат високи потпетици на аеродромот или за време на качувањето, туку дека препораката се однесува првенствено на итни ситуации.
Безбедноста е главната причина
На патниците не им е забрането да носат високи потпетици за време на летовите, но „Рајанер“ силно ги обесхрабрува. Причината е едноставна: таквите обувки го зголемуваат ризикот од сопнување и паѓање во кабината, а во случај на итна евакуација, можат да ги оштетат тобоганите за спасување.
Затоа, во итна ситуација, кабинскиот персонал бара од патниците да ги соблечат високите потпетици пред да се симнат низ тобоган. Затоа многумина советуваат веднаш по качувањето во авион да се облечат поудобни обувки. Во итни ситуации, на патниците им се наложува и да го остават целиот рачен багаж зад себе. Снимката што се прошири на социјалните мрежи, исто така, покажува дека носењето очила или пушењето не се препорачува во такви ситуации.







