Беќири: Финале е финале и ќе одлучуваат нијанси

Дерби

19/05/2026

13:55

156

Големина на фонт

а а а

Шкендија својта втора и последна Куп титула ја освои во 2018-та година, а осум години подоцна, тимот на Јетон Беќири се избори за нова шанса да се бори за трофејот во најмасовното натпреварување.

Куп финалето е закажано за утре на „Тодор Проески“ во 20:00 часот, па по најават која ја направија кратовчани, со свои очекувања за големото финале излегоа и од таборот на Шкендија.

Тетовскиот клуб ја загуби битката за титулата со Вардар во домашното првенство, но тренерот Беќири нагласи дека сега целиот фокус е пренасочен кон освојување на трофејот во Купот.

– Шкендија после осум години се наоѓа во финале во Купот, ќе влеземе со желба за надиграување. Силекс има конкурентен тим, финале си е финале и ќе одлучуваат нијанси. Имаме поголемо искуство на вакви важни натпревари, знаеме дека на крајот може да одлучи еден момент. Посакуваме убав натпревар и да имаме фер и коректно судење.

– Шансите се 50-50, но на терен мора да докажеме желба за победа. Капитенот Бесарт Ибраими е повреден и нема да игра, истото важи и за Вебстер кој добри црвен картон во полуфиналето. Ние секогаш играме офанзивно и на победа, очекувам да биде интересен натпревар, – изјави тренерот Беќири.

Во отсуство на капитенот Бесарт Ибраими, друштво на тренерот на пресот му правеше Арбин Зејнулаи.

– Шкендија секогаш ја почнува сезоната со три цели. Излез во Европа, една титула и добар настап во Купот. Сега сме во игра за титула, бевме во игра и за титулата во домашниот шампионат до претпоследното коло. Ако го дадеме максимумот, можеме да дојдеме до посакуван трофеј, – изјави Зејнулаи.