Виктор Вембањама заврши трет во поредокот за МВП трофејот во регуларниот дел од сезоната, но со своите партии во плејофот, се наметнува како играч кој навистина прави најдобри работи за својот тим.
Спарси се пласираа во конференциското финале на Западот и не можат да имаат поголем предзивик од дуелот со актуелниот шампион, а рано утрово покажаа истрајност и карактер и успеаја да отворат со брејк за водство од 1:0.
Популарниот Вемби одигра нестварна партија во клучните моменти и само потврди дека е играч за големи натпревари, па на крајот буквално сам ја обезбеди победата во продолженијата (115:122).
Рано утрово се играа две продолженија во исклучително интересен и неизвесен натпревар, а од 21 поен на Сан Антонио во овој период, Вемби постигна дури 14.
Французинот го заврши мечот со 41 поен, 24 скокови, 3 асистенции и 3 блокади, а со тоа стана само седми играч во НБА историјата кој во едно финале запишал над 40 поени и над 20 скокови.
Натпреварот во регуларниот дел заврши 101:101 откако Шеј Гилџус-Александер погоди во последниот напад, но главната ѕвезда на Оклахома не беше во свој елемент и постигна 24 поени. Подобри од него беа Карузо со 31 и Вилијамс со 26 поени, додека Вембањама доби поддршка од Харпер кој го заврши мечот со 24 поени, 11 скокови и 6 асистенции.
AS CLUTCH AS IT GETS FROM WEMBY 🔥
— ESPN (@espn) May 19, 2026
Victor Wembanyama did EVERYTHING down the stretch for San Antonio to get the W 😤 pic.twitter.com/EN4sHglVKv






