Лаутаро Мартинез се гледа себеси во Интер до крајот на кариерата и не планира да мрдне од Милано во ситуација кога е сакан од фановите и кога добро му оди бизнисот со семејниот ресторан во градот, но во ексклузивното интервју за „Газета“, откри и една страна која е непозната за фудаблката јавност.
Капитенот на Интер обелоденува дека воопшто не му се допаѓа фудаблскиот свет и се чувсвтува крајно непријатно во фудаблското опкружување, па поради тоа, тврди дека ќе исчезне од медиумската јавност кога ќе стави крај на кариерата.
Лаутаро има договор со Интер до 2029-та година и се гледа себеси како завршува со кариерата на „Џузепе Меаца“, но од друга страна, вели дека тој сам не може да даде гаранција за такво нешто.
– Јас и моето семејство сме многу среќни во Милано. Имаме и совј ресторан, децата ни одат во училиште и имаат свои пријателчиња. Не можам да се замислам на друго место во овој момент, но во фудбалот ништо не се знае. Ако Интер не ме испрати на друго место, јас би останал тука до крајот на кариерата.
– Сакам да останам запаметен како играч и капитен кој давал се штпо има. Дали имам план за после пензија? Едно е сигурно. Дефинитивно нема да останам во фудбалот, тоа е опкружување кое воопшто не ми се допаѓа. По крајот на кариерата, веќе нема да слушнете ништо за мене, ќе исчезнам од фудбалската мапа, – изјави Лаутаро кој оваа сезона го водеше Интер до двојна круна, титули во Серија и Копа Италија.






