Федералниот суд во САД ја отфрли тужбата што Илон Маск ја поднесе против компанијата „OpenAI“, обвинувајќи ја за предавство на заедничката визија компанијата да остане непрофитна и посветена на развој на вештачка интелигенција во корист на човештвото.
Деветчлена порота утврдила дека Маск предолго чекал со поднесувањето на тужбата, поради што настапила застареност.
Одлуката била донесена по тринеделно судење, а на поротата ѝ биле потребни помалку од два часа за да ја донесе пресудата.

Маск, кој денес важи за најбогат човек во светот, е коосновач на „OpenAI“, компанија основана во 2015 година, која го создаде „ChatGPT“.
Откако инвестирал 38 милиони долари во раните години на компанијата, Маск го обвини извршниот директор на „OpenAI“, Сем Алтман, како и неговиот заменик, дека зад негов грб го претвориле проектот во машина за заработка на огромни суми пари.

Маск има право на жалба на пресудата, што неговиот адвокат веќе го најави.





