Дембеле ги исплаши фановите на ПСЖ на две недели пред финалето со Арсенал, Луис Енрике излезе со прва прогноза

Дерби

18/05/2026

14:38

227

Големина на фонт

а а а

ПСЖ без големи мотиви играше во последното коло во француската Лига 1 и на крајот загуби од Париз со резултат 2:1, но многу поважно за новинарите беше тоа што се случи во 27-та минута.

Усман Дембеле самоиницијативно побара измена и веднаш се упати директно кон соблекувалните, а бидејќи не останува многу време до големото финале во Лигата на шампиони, потегот на Французинот го вклучи алармот кај фановите.

Со оглед на тоа што стануваше збор за мускулен проблем, медицинскиот тим на ПСЖ ќе мора целосно да го прегледа својот фудбалер, но Луис Енрике се обиде да ги смири страстите и најави дека работата не му изгледа многу страшно.

– Дембеле изгледа дека е во ред, не станува збор за ништо сериозно.

– Мислам дека станува збор за акумулиран замор. Се што ќе кажам е еден вид на шпекулација, но мислам дека нема ништо сериозно. Покрај тоа, имаме уште цели две недели до финалето со Арсенал, – изјави Луис Енрике.