Официјален пречек на претседателката Сиљановска-Давкова во Словенија

Макфакс

18/05/2026

12:40

103

Големина на фонт

а а а

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беше официјално пречекана во Словенија, каде што се одржаа важни разговори за билатералните односи и евроинтеграциите, како и за актуелните безбедносни и геополитички теми во регионот.

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Љубљана беше пречекана од претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.

Претседателките одржаа тет-а-тет средба, по што следеше пленарен состанок на македонската и на словенечката делегација.

Предмет на разговорот беа билатералните односи, македонската европска интеграција, актуелните геополитички состојби, безбедносната архитектура на Западен Балкан и улогата на НАТО, низ призмата на заедничката посветеност на мултилатералниот поредок и европскиот политички проект.

Сиљановска-Давкова укажа дека кредибилитетот на европската интеграција зависи од доследната примена на Копенхашките критериуми: стабилност на демократските институции, владеење на правото, човекови права и почитување на малцинствата, пазарна економија, способност за справување со обврските од членството, инкорпорирани во Договорот за ЕУ.

Во рамките на официјалната посета, предвидено е претседателката да оствари средба и со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Зоран Стевановиќ.