Општина Илинден објави повик за субвенции за инвертер клими или соларни панели

Макфакс

18/05/2026

10:50

119

Големина на фонт

а а а

Општина Илинден по вторпат објави јавен повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клими и соларни панели, со цел поддршка на енергетската ефикасност и заштита на животната средина кај домаќинствата. Субвенциите изнесуваат 50% од вредноста на уредите, до максимум 10.000 денари по одбран производ.

Општина Илинден, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на жителите, и оваа година продолжува со спроведување на Јавниот повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди или соларни панели, со цел унапредување на енергетската ефикасност и заштита на животната средина.

Со јавниот повик се предвидува кофинансирање во висина од 50 проценти од вредноста на набавениот клима уред или соларен панел, односно најмногу до 10.000 денари по производ.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека целта на оваа мерка е да се поттикне користењето на енергетски ефикасни и еколошки прифатливи решенија во домаќинствата, со што директно се придонесува за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Право на учество на Јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во Општина Илинден кој ќе набави инвертер клима уред или соларен панел од денот на објавувањето на јавниот повик, односно од 18.05.2026 година (понеделник), па сè до исцрпување на предвидените финансиски средства за таа намена, при што правото на субвенционирање може да се оствари само еднаш за едно семејство со иста адреса на живеење.

Барањата ќе се разгледуваат по редослед на пристигнување, по принципот „прв дојден, прв услужен“. Комисијата задолжена за разгледување на барањата го задржува правото да изврши увид на лице место за поставениот инвертер клима уред или соларен панел.

Сите заинтересирани граѓани дополнителни информации за условите, критериумите и потребната документација можат да добијат во просториите на Општина Илинден или на официјалната веб-страница на Општината (ilinden.gov.mk).