Поставени контејнери за кабаст отпад на повеќе локации во Општина Гази Баба

Макфакс

18/05/2026

09:10

131

Големина на фонт

а а а

Општина Гази Баба ќе постави контејнери на неколку локации за одлагање кабаст отпад со цел подобрување на животната средина.

Во периодот од 18 до 24 мај на неколку локации на територијата на Општина Гази Баба ќе бидат поставени контејнери за одлагање кабаст отпад.

Од Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ информираат дека контејнери ќе бидат поставени на следните локации:
📌 Стајковци
📌 Црешево
📌 Смилковци
📌 Виниче
📌 Брњарци
📌 Булачани
📌 Раштак

Јавното претпријатие апелира до граѓаните кабастиот отпад да се одлага навремено и исклучиво во поставените контејнери, со цел да имаме чиста, уредна и здрава животна средина.