Во тек е акција за отплата на долгови кон Водовод и канализација без камата

Макфакс

18/05/2026

09:51

171

Големина на фонт

а а а

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја започна акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата, со цел да се овозможи плаќање на долг на рати до 05 јуни. Акцијата не важи за државни и локални институции, а по истекот на рокот, одлуката ќе престане да важи.

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информира дека акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек.

Акцијата за отплата на долговите на рати без камата е со определено времетраење, а рокот за искористување на оваа можност истекува на 05 јуни.

„Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата. Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје“, велат од претпријатието.

По истекот на овој период одлуката престанува да важи.