Се запали автобус во близина на патарината Отовица, патниците спасуваа жива глава

Макфакс

16/05/2026

19:40

348

Големина на фонт

а а а

Автобус со прилепски регистарски таблички се запали на автопатот Велес-Скопје во близина на патарина Отовица. Сите патници успешно се евакуирани, а пожарникарските служби се на терен за гаснење на пожарот.

Попладнево на автопатот Велес–Скопје, автобус со прилепски регистарски таблички се запалил во близина на наплатната станица Отовица. Сите патници навреме го напуштиле автобусот и нема повредени.

Веднаш по пријавата на терен пристигнале екипи на Територијалната противпожарна единица, како и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.

Според информациите дадени досега, пожарот избувнал додека автобусот се движел по автопатот, а причините за инцидентот засега не се познати. Надлежните служби работат на целосно локализирање на пожарот и расчистување на местото.

Од Авто мото сојузот информираа дека од 17.25 часот, патниот правец А1 Велес-Скопје од Патарина Отовица се одвива по една лента поради гаснење на автобусот.