[ВИДЕО] Тип со помош на вештачка интелигенција промени сè што не чинеше во „Game of Thrones“, видеото е хит: „Излечи дел од мене“

Точка

16/05/2026

10:30

447

Големина на фонт

а а а

Интернетот пронајде нова омилена употреба на вештачката интелигенција, а таа ја вклучува серијата „Game of Thrones“, шлаканици за Џофри и поправање на сите емоционални трауми што таа ги остави зад себе.

Променил клучни моменти од серијата

Вирално AI видео последниве денови ги преплави социјалните мрежи, а концептот е едноставен: тип со помош на вештачка интелигенција „влегува“ во сцени од „Game of Thrones“ и ги менува клучните моменти што фановите со години не можеа да ги преболат.

Во една сцена го спасува Нед Старк од погубување, во друга го удира Џофри, потоа на Тајвин му ја открива вистината за Џејми и Серсеи, го спасува Оберин Мартел, ги прегрнува ликовите што публиката ги обожаваше и буквално дели бакнежи во чело како емотивен фластер за колективната траума на фановите.


„Видеото ме излечи“

Реакциите на гледачите беа целосно очекувани: интернетот полуде.

„Ова видео излечи дел од мене за кој не ни знаев дека е скршен“, напиша една корисничка, додека друга додаде: „Ова е единствената употреба на AI што можам да ја прифатам“.

Посебно воодушевување предизвикаа сцените во кои креаторот на видеото му удира шлаканици на Џофри Баратеон, еден од најомразените ликови во историјата на телевизијата. „Таа шлаканица за Џофри беше навистина задоволувачка“, „Секоја шлаканица беше заслужена“ и „Не го истепа доволно Џофри“ се само дел од коментарите што собраа илјадници лајкови.


Фановите особено емотивно реагираа на моментот во кој го спасува Нед Старк од погубување и го бакнува во челото. „Начинот на кој ја бакна главата на Нед и го запре неговото погубување – тоа излечи нешто во мене“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Конечно малку затворање на кругот… фала брату“.

Секако, интернетот не е интернет без нови барања, па многумина веднаш почнаа да бараат продолженија. Дел од публиката е лут што во видеото го нема Ремзи Болтон. „А каде е шлаканицата за Ремзи Болтон?“, праша еден корисник, додека други сметаат дека ни AI не може да ја спаси последната сезона од серијата. „Кажете му повторно да ја сними осмата сезона“, се пошегува некој во коментарите.

Некои отидоа и чекор понатаму, па признаа дека видеото ги натерало повторно да ја гледаат целата серија. „Ова ми дава толку многу живот! Исто така ме тера повторно да ја гледам „Game of Thrones“ од почеток“, стои во еден од виралните коментари.