Кузеска побара темелно испитување на финансиските текови помеѓу Алфа ТВ и Алта банка, посочувајќи на сомнежи за корупција и организирана шема за финансирање на медиумската пропаганда поврзана со политички партии.
Бараме да се испитаат сите финансиски текови, сите врски помеѓу Алфа ТВ и Алта банка, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„По падот на режимот на Орбан, новиот премиер Питер Маѓар презема акции и ја ослободува земјата од корупција и од орбановата пропагдандна машинерија. Додека орбановите пропагдни телевизии, меѓу кои и ТВ2 признаваат јавно дека објавувале лажни вести за опозицијата се највува одговорност за криминалните шеми во медиумите и укинување на фрекфенциите. Падот на Орбан ја загрозува целата добро позната медумска пропагданна шема на оската Орбан-Мицкоки-Вучиќ за контрола на медиумите и политичка пропаганда.Во Македонија, над 40% од медиумите се дел од оваа орбанова мрежа а како главна пропагандна алатка е токму Алфа ТВ. По рецептот на Вучиќ, и во Македонија, исто како во Србија моментално, започната е операција за спас на Алфа ТВ и нови извори за финансирање“, рече Кузеска.
Таа кажа дека свиркачи до СДСМ доставиле информации според кои целиот процес го координирал Александар Николоски, по директна насока на Мицкоски.
„Мицкоски за да избегне директни средби со Вучиќ контактира лично со Милош Вучевиќ човек од најголема доверба на Вучиќ. Договорено е исто сценарио во Србија и во Македонија. Во Србија, тоа веќе се прави, сопствениците на Еуроњуз ги купуваат слободните медиуми како N1, Nova S и уште десетина регионални медиуми за 30 милиони евра. Во Македонија, планот е преку нови фирми регистрирани кај нас да се преземат концесијата, опремата и студијата на Алфа ТВ, а целиот финансиски механизам да оди преку Алта банка. Алфа Скоп, фирмата сопственик на Алфа ТВ е блокирана сметка, должи 100.000 евра и веќе е пред стечај. Нашите инфромации говорат дека Ивона Талевска од пред неколку денови е назначена за координатор на Еуроњуз за Македонија преку преставиштвото на Еуроњуз во Србија“, рече Кузеска.
Таа вели дека во тек е регистрирање на фирми во Македонија кои ќе ја преземат едната фирма носител на концесијата и друга фирма што ќе ја преземе фирмата носител на опремата и студиото лоцирано во Визбегово и дека ќе се инвестира во нова опрема.
„Дополнително, се формира и маркетинг агенција која формално би работела ПР и маркетинг за Алта банка, а преку нејзиниот буџет би се финансирале новинари, аналитичари, апологети и медиумска пропаганда во корист на ВМРО-ОКГ. Алта банка станува нов финансиски центар за медиумската мрежа на орбановите медиуми во Македонија. Веќе објавивме, Алта банка е диркетно поврзана со СНС на Вучиќ, и во ВМРО на Мицкоски.СДСМ веќе објави детали за нивните бизнис, деловни, и партиски релации. Дури и за начинот како е влезена Алта банка во Македонија, каде клучна игра одигра гувернерот Славески.Во Управниот одбор на банката се појавуваше Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО.Во менаџерскиот тим исто така луѓе блиски до ВМРО.Со одлука на Владата на Мицкоски, токму Алта банка го купи и пакетот акции со кои државата управуваше како конфискуван имот поврзан со Сашо Мијалков“, рече Кузеска.
Таа вели дека СДСМ веќе поднело кривична пријава до Јавното обвинителство поради, како што рече, сериозни сомнежи за организирана шема на перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги поврзани со Алфа ТВ.
„Постојат основани сомнежи дека преку мрежа на фиктивни маркетинг договори и „shell“ компании биле префрлани околу 2,85 милиони евра од странство кон Македонија, кои потоа завршувале во Алфа ТВ. Сега се прави нови шема, за која Јавното обвинителство и Финансиската полиција и сите надлежни институции итно да постапат. Дали преку фиктивни маркетинг договори повторно ќе се финансира партиска пропаганда? Бараме да се испитаат сите финансиски текови, сите врски помеѓу Алфа ТВ, Алта банка и структурите блиски до власта и да ја информираат јавноста“, рече Кузеска.















