Пред нас е Светското првенство во фудбал, првенство кое е посебно, уникатно поради повеќе причини.
Има позитивни, ама и негативни работи и останува да се види како САД, Мексико и Канада ќе ја оправдаат улогата на домаќините на најголемиот фудбалски настан.
Мундијалот ќе трае повеќе од еден месец, а на завршниот меч на турнирот ќе видиме и „концерт“ на паузата нешто случно како на Супер Боул, па одморот за играчите ќе трае повеќе од стандардните 15 минути.
- Фудбалот ја губи својата душа, малку по малку. Светското првенство треба да биде најчистата форма на фудбал, притисок, интензитет, емоции, тактики, страдање, историја. Не концерт на полувреме дизајниран за клипови на социјалните мрежи и познати гости во ВИП ложите, -вели легендарниот Тјери Анри.
- Кога играте на највисоко можно ниво, вашето тело е програмирано на одреден ритам – 15 минути! Тоа е она што секој фудбалер во светот го знае уште од дете. Мускулите остануваат топли, концентрацијата останува висока, емоциите се „живи“. Сега замислете ги играчите како седат во соблекувалната 25 минути, на најголемиот натпревар во нивниот живот затоа што ФИФА одлучи дека им е потребен поголем ТВ спектакл!
- Луѓето мислат дека фудбалерите се роботи. Но, не се! Моментумот е реален. Ако еден тим доминира во првото полувреме, пред паузата, долгата пауза може целосно да го уништи интензитетот на играта. А тоа сè менува ментално и тактички. Физички се ладите, адреналинот паѓа… И потоа луѓето очекуваат играчите веднаш да излезат на теренот и да трчаат 150 на час.
- Да бидеме искрени, повеќе не станува збор за фудбал. Станува збор за пари и забава. Тие сакаат да го претворат фудбалот во Супербоул. Повеќе рекламирање, повеќе настапи, повеќе титули, повеќе познати гости. Но – фудбалот стана најголемиот спорт во светот без сето тоа. Самата игра е доволна.
- Опасноста од оваа идеја е дека квалитетот на финалето ќе падне или дека играчите ќе се повредат поради овие промени. А навивачите – тие прво ќе ги нападнат играчите. Ќе кажат дека некои ѕвезди пропаднале, дека се срушиле под притисок и нема да разберат дека условите целосно се промениле за да се направи шоу за телевизија.
- За мене, Светското првенство мора да биде свето, 90-минутна војна помеѓу најдобрите играчи на планетата. Не пауза толку долга што целиот свет ќе заборави дека натпреварот воопшто се игра, - порача Тити.











