Арбелоа му одговори на Мбапе: Јас сум тренер на Реал…

Дерби

15/05/2026

11:57

355

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид успеа да обезбеди триумф над Овиедо (2-0) во вчерашниот меч во Примера, но ниту оваа победа не ги сокрие проблемите, незадоволството, тензија која дефинитивно постои на теренот, меѓу навивачите и играчите, многу работи кои ќе мора да се решат во иднина.

Играчите беа исвиркани од трибините, имаше пораки за Флорентино Перез за негово заминување, ама најголемата врева се случи по последниот судиски свиреж со изјавата на Килијан Мбапе за тренерот Алваро Арбелоа.

Оваа изјава, зборови на Французинот веднаш му беа пренесени на Арбелоа кој одговори и со тоа јасно покажа дека и нема најдобар однос со Французинот.

- Би сакал да имам четири напаѓачи. Не знам што да кажам. Немам четири напаѓачи и не сум ја кажал таа фраза (на Мбапе). Не ме разбрал добро добро, навистина не знам што да кажам. Ако не го ставам во игра, нема да може да игра. Јас одлучувам, јас сум тренерот. Имав разговор со него претходно и не знам што можеше да протолкува. Денес не започна бидејќи не е ден на живот или смрт, имаме натпревар во недела и сигурно ќе биде прв напаѓач (против Севиља). Седум дена подоцна ќе стане првиот напаѓач. Разбирам дека оние кои не играат не се среќни. Можам да разберам дека не е среќен, но тоа е одлука заснована на околностите. Не сакав да преземам никакви ризици. Тоа беше најлогичното, најздраворазумско нешто што можев да го направам, - рече стратегот кој призна дека има одредена тензија, недоразбирања во екипата.

- Не ми се случи само со Килијан, туку и со многу други играчи. Ова се ситуации што се случуваат, поради околностите, тие се различни од другите тренери во клубот. Имам чиста совест, ќе дадам се од себе. Не ми е гајле, ќе правам што мислам до последниот ден.

- Не очекувам од моите играчи она што сум го дал за нив, знам какви сме ние играчите. Знам како размислуваат, уште повеќе играчите на ова ниво. Сум во состојба да разберам сè. Не би променил ништо што сум направил или рекол, - заврши Шпанецот.