Бепе Марота продолжи да реди успеси како главен оперативец и претседател на Интер, а по првата двојна круна која ја освои клубот од 2010-та година, го одреди и правецот по кој ќе се движи клубот во периодот кој следи.
Интер го победи Лацио за 2:0 во големото финале во Копа Италија и ја потврди доминацијата во италијанскиот фудбал оваа сезона, по што Марота со неколку зборови се обиде да ја објасни политиката која ќе ја негува клубот и во годините кои претстојат.
– Јас сум голем оптимист за овој тим и овој клуб, иако секогаш зборуваме со максимална почит за ривалите. Ние веруваме во еволуција, а не во револуција.
– Најдобар доказ за тоа е трансферот на Петар Сучиќ. На млади играчи како него потребно им е малку време за адаптација, но потоа нудат посакувани перформанси.
– Правецот кој го бираме е јасен. Ќе продолжиме да бараме млади таленти кои можат да ни помогнат да растеме како тим, а нив ќе ги искомбинираме со неколку искусни фудбалери кои веќе ги имаме во тимот. Тоа се играчи кои имаат победнички менталитет и кои знаат како да ја водат групата во тешки моменти, – изјави Марота.







