Слот откри дали ќе биде дел од проектот на Ливерпул следната сезона: Сите работи водат кон тоа…

Дерби

14/05/2026

14:22

235

Големина на фонт

а а а

Арне Слот има турбулентна втора сезона во Ливерпул после извонредната прва која ја имаше на „Енфилд Роуд“, а токму освоената титула во Премиер лигата од пред една година се чини дека е главен аргумент на водечките луѓе да му се даде уште една шанса.

Иако фановите на Ливерпул се незадоволни од менаџирањето на тимот и веќе бараат смена на Холанѓанецот, самиот Арне Слот тврди дека сите планови за наредната сезона се поврзани со него, па затоа не гледа сценарио според кое би добил отказ на крајот на се уште актуелната натпреварувачка сезона.

– Не одлучувам сам на таа тема, но имам голем број причини да верувам дека ќе бидам менаџер на Ливерпул и следната сезона.

– Прво и основно поради тоа што имам договор со клубот, но второ и уште поважно, поради разговорите кои ги водиме. Изградив таков став од тоа што се случува. Нормално е да има критики, но сите планови на клубот за следната сезона се поврзани со мене. Сите работи водат кон тоа дека ќе останам во клубот.

– Веќе се направени планови за следната сезона, зборувавме за нови играчи и јас сум инволциран во сето тоа, – откри Слот.