Надал: Двата најболни порази во кариерата ги доживеав на Аустралијан Опен

Дерби

14/05/2026

14:21

279

Големина на фонт

а а а

Рафаел Надал денеска го инаугирираше својот музеј во Мајорка кој е во склоп на познатата тениска Академија, а по тој повод, славниот шпански тенисер одработи и ексклузивно интервју за „Марка“.

22-кратниот освојувач на грен слем турнирите важи за еден од најголемите тенисери во историјата на спортот, па иако освои се што може да се освои на највисоко ниво, Рафа во текот на кариерата доживеа и некои болни порази кои секако се дел од професионалниот спорт.

Иако е многу тешко да се издвојат само еден или два порази, Надал се обиде да направи такво нешто, потенцирајќи дека најлоши спомени му будат поразите во финалињата на Аустралијан Опен.

Интересно, Надал не се одлучи за епското финале со Новак Ѓоковиќ во 2012-та година, туку за она што убедливо го загуби од Србинот во 2019-та, како и она со Стан Вавринка во 2014-та година.

– Има порази кои влијаат потешко и ги паметите повеќе, а за мене тоа се финалињата во Австралија. Она во 2014-та година против Вавринка навистина многу ме болеше, имав физички проблеми и останав без шанса достојно да се борам. Ме болеше многу и убедливиот пораз од Ѓоковиќ во финалето пет години подоцна, – призна Надал.

– Професионалниот спорт се состои од тоа, од победи и порази, па мора да пронајдете баланс. За мене лично можам да кажам дека направив многу повеќе од тоа што можев некогаш да замислам, – изјави Надал.