Лазаров изостави четворица и избра 16 ракометари кои ќе бркаат поволен резултат во Прешов

Дерби

14/05/2026

13:28

310

Големина на фонт

а а а

Поради добриот настап на последниот голем собир, Македонија го прескокна првиот бараж круг за Светско првенство, а како фаворит и носител во ждрепката, за ривал во бараж финалето ја доби селекцијата на Словачка.

Нашиот најсилен национален тим денеска го игра натпреварот во Прешов во 19:00 часот и ќе брка поволен резултат пред реваншот во Скопје, па на неколку часа пред истиот, стана познато кој е конечниот избор на Кирил Лазаров.

Селекторот на македонскиот тим ги избра 16-те ракометари кои денеска ќе конкурираат за настап, а меѓу нив ги нема голманот Васил Гогов, бековите Мартин Ивановски и Филип Николов, како и пикерот Марко Стојковиќ.

Лазаров ги прецрта овие четворица за воведниот меч од двомечот, по што стана јасно дека тие ќе го следат мечот во „Татран арена“ од трибините.

Шанса ќе чекаат на реваншот кој се игра за три дена, односно на 17-ти мај во „Борис Трајковски“.