Перез го издвои најдобриот играч на Реал во овој момент и најави: Ќе има големи засилувања ова лето

Дерби

14/05/2026

11:23

373

Големина на фонт

а а а

По експлозивното обраќање кое го имаше во вторникот, Флорентино Перез се одлучи да направи ексклузивно интервју за „Ла Секста“ со новинарот Хосеп Педрерол, а бидејќи станува збор за соговорник кој доста го почитува, претседателот на Реал учтиво одговараше на сите поставени прашања.

Првиот човек на Реал Мадрид е свесен дека секоја сезона во која нема освоено трофеј се смета за неуспешна во „Кралскиот клуб“, но истовремено е сигурен дека тој и луѓето задолжение за спортскиот сектор многу брзо ќе се вратат на прав колосек и ќе донесат играчи кои ќе го вратат тимот на врвот во Шпанија и Европа.

За време интервјуто со Педрерол, Флорентино застана во одбрана на Килијан Мбапе и го нарече најдобар играч на тимот, но најави и раздвижено лето во кое клубот ќе активира неколку звучни трансфери.

– Мбапе е голем играч и најдобар играч на Реал во овој момент. Тој ја освои „Златната копачка“, но не може никој сам во фудбалот. Треба да се подобриме, но нема да навлегувам во тие теми. Мбапе многу брзо сфати што значи Реал Мадрид, тој даде премногу број на голови и задоволни сме од него.

– Засилувања? Сигурно ќе има засилувања ова лето. Во минатото сум купувал играчи како Фиго, Зидан, Роналдо, Бекам, потоа дојдоа Кристијано, Кака, Бензема….. Ако видам некој добар играч, веднаш ќе одам да го донесам. Донесов многу „Златни топки“ во Реал и повторно ќе има големи засилувања во периодот кој следи, – изјави Перез.