Актерката Џилијан Андерсон на вториот ден од Филмскиот фестивал во Кан се појави со смел нов изглед, заменувајќи ја својата права коса со драматични локни. А својата смела нова фризура ја искомбинира со златен фустан кој има цветен вез.
Во последно време за актерката гласно се полемизира и за нејзиниот природен изглед, па се зборува дека намерно ги потенцира своите брчки на лицето и му ги „турка под нос“ на затегнатиот, изботоксиран Холивуд.
Од друга страна, таа е една од најсексапилните актерки на овогодишниот Кански фестивал иако длабоко зачекори во шестата деценија од животот.

Таа гордо позира на 57 години, а публиката не знае каде попрво да гледа - мораме да признаеме дека ѕвездата од серијалот „X Files“ изгледаше многу гламурозно во својот кремаст миди-фустан со цветен вез и соодветни кафеави чевли со потпетици.
Новиот проект на Андерсон
Џилијан во Кан го претставува филмот „Teenage Sex and Death at Camp Miasma“, во режија на Џејн Шенбрун. Џејн, која се декларираше како трансродова личност во 2020 година, претходно откри дека се соочила со бројни предизвици при снимањето на филмот, а независните компании „Plan B“ и „Mubi“ на крајот им понудиле финансиска поддршка.
Филмот треба да ја отвори програмата „Un Certain Regard“ на овогодишниот Кански фестивал пред премиерата во кината на 7 август.
Џејн исто така ја пофали „гротескната“ изведба на Џилијан како повлечена актерка која го зазема централното место.

Тие рекоа: „Речиси се чувствува како да е Џим Кери во одредени моменти“.
Овогодишниот Филмски фестивал во Кан започна со церемонија на отворање со ѕвезди во вторникот, каде што Деми Мур ѝ се придружи на режисерката на филмот „Hamnet“, Клои Жао, и на актерот Стелан Скарсгард во жирито на овогодишната смотра.
Организаторите го претставија деветчленото жири кое ќе ги разгледува филмовите во конкуренција на годишниот фестивал на Француската ривиера во мај. Како што претходно беше најавено, јужнокорејскиот филмски автор Парк Чан-вук е претседател на жирито.











